Кој ќе има финансиска и политичка корист од богатата зделка меѓу Заев и Макпетрол, која се прави во матно време и во услови кога арбитражата се уште трае, кога буџетот, економијата, многу медиуми и многу стопанственици се во тешка криза? Слободата на медиумите сигурно не, пишува пратеникот Антонио Милошоски утрово на Фејсбук.
Тој објави дека денес во Собранието прва точка на дневен ред е спогодбата помеѓу Владата и Макпетрол (приватна фирма) за купопродажба на дел од гасоводот, во кој досега 50% сопственик беше Макпетрол.
Инаку медиумот “Телма” (ТЕЛ-евизија МА-кпетрол) е 100% сопственост на Макпетрол и важи за силно провладин медиум, кој ги релативизира крупните грешки на Заев, а опозицијата често не ја ни третира или ја претставува негативно. Зошто? Можеби затоа што според ревизорска куќа гасоводот на кој владата ќе врши откуп чини 36.000.000€, а Заев договорил за само 50% од истиот гасовод на Макпетрол (Телма) да му плати 32.000.000€, пишува Милошоски.
(Не)зависни фирми, телевизии и големи пари!?
Денес во Собранието прва точка на дневен ред е спогодбата помеѓу Владата и…
Posted by Antonio Miloshoski on Thursday, 19 November 2020
Телевизија Телма непосредно пред денешната седница го откажа договореното интервју со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, а од вчера и не ги пренесува изјавите и прес-конференциите на опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.