Може ли да Ви дадам еден предмет, еден случај да Ви дадам? „Тортура“ предметот за господинот Бошковски. Зашто судијата заборави 90 дена да свика сесија, го запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски неговиот опонент од СДСМ Зоран Заев во тв-дуелот на телевизијата„ Канал 5“.
Заев на тоа одговори дека не ги знае судиите.
Господине Заев, кажувате невистини сите овие судии се бирани, дури и 85% во 1996 година. Ајде ќе докажуваме, ама ако сум во право што ќе правиме? Господине Заев најмалку СДСМ и Вие лично имате право да протестирате, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека дури се чудел против кого Заев протестираше на маршот што СДСМ го организираше.
Против кого протестиравте? Против таткото на Бојан Маричиќ, против сопругата на Бојан Маричиќ? Вашиот советник што е шеф на Кабинет на министерката? Против кого протестиравте Вие? Виш Јавен обвинител е таткото на Вашиот советник, порано бил дел од Републичкиот совет на обвинители, во времето на вие што велите „режимот“ оние 11 години“, заклучи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.