За него во јавноста сега доста се зборува. Откако СДСМ на чело со Зоран Заев дојде на власт, Александар Кирацовски како генерален секратар на партијата, функција што веќе не ја извршува, беше човекот задолжен за многу партиски работи. Ама, се тврдеше и за партиските вработувања, па јавноста дозна дека по државните институции се сместени и повеќемина негови блиски роднини за кои реагираше и Државната комисија за спречување корупција. Самиот вели дека тоа не е точно а дека неговите роднини се жртви на овие вести. Кога зборува за тоа дека е актуелен и јавноста го споменува доста, Кирацовски вели дека за тоа не смета дека е привилегија. Разговорот е во време кога најактуелен е случајот „Рекет“, во кој во јавноста се зборува дека се инволвирани и членови на СДСМ. Вели дека никој од нив немало што да крие.
Кирацовски за случајот „Рекет“ ја обвини поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тоа што Зоран Заев е повеќе од две години премиер, кога се формираше новата влада предводена од СДСМ.
Случајот „Рекет“ во најмала рака е шокантен, но за да така лесно се случува пред „очите“ на надлежните институции, сметам дека е олицетворение на рекет-културата којашто како лоша практика се создаде за време на (над)децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нефункционалноста и разјаденоста на најважните институции во државата како и шпекулативното наместо истражувачко новинарство зачинето со лажни вести кои повеќе и штетат на истрагата отколку што и користат – вели Кирацоски во интервју за Фактор.
Тој дури коментира дека јавноста е збуната што оваа власт, за разлика од претходната, не го штитела криминалот, не ја гаела корупцијата и не рекетирала, туку ги ловиела криминалците, корумпираните и рекетарите, независно кои се. Ја дава оваа изјава во период кога владата е на критика од јавноста, институциите се на критика поради многу нејасотии за случајот Рекет, луѓе против кои нема постапка иако постои сомнение дека се дел од овој случај. Се работи за обвинители, пратеници, политичари.
На прашањето на Фактор за тоа дека во јавност се споменуваат високи функционери од СДСМ дека се вклучени директно во овој случаји дека е јасна неговата блискост со сега притворениот Бојан Јовановски, тој вели:
Се сомневам дека високи функционери од СДСМ, кои добиле чест од граѓаните и партијата би се впуштиле во вакво злодело. Го тврдам тоа, а и за многу скоро ќе се потврди. Познанството или пријателството е една работа, нечие делување надвор од законите е сосема друга. Никој од сите нас немало ниту што да крие ниту што да манифестира со било кого.Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што се наш познаник прави и какотоа се одразува врз нас. Бојан Јовановски имаше средби со стотици поединци, како сопственик на 1ТВ, но и како претседател на Меѓународниот сојуз каде членуваа многу истакнати општественици, честити луѓе. Иако лично не сум бил дел од таа невладина организација, знам дека добар дел од членовите на истата воошто не би ни помислиле на било какви незаконити дејствија.
Се оградува дека освен шпекулациите во јавноста и информациите од медиумите немал никакви информации за овој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.