Ѝ дадов шанса на колешката да каже свое видување, одговори јавната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска на новинарското прашање што се смени за толку кратко време од распитот до апсењето на Катица Јанева. Сепак, Рускоска не прецизира за каква шанса станува збор, но објасни што значи „свое видување“ за случај во кој сведокот за 24 часа стана обвинет.
Предметот е многу експониран во јавноста, многу работи излегоа во јавноста и едноставно прво сакав да ја слушнам што има да каже.
Изјавата на Рускоска, дадена синиќа пред кривичниот суд кога ѝ беше определена мерка притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и изјавата за форматираниот телефон, повторно се разликува од изјавата на Катица Јанева. Иако Јанева пред новинарите изјави дека била повикана во својство на сведок, а се појави со адвокат, Рускоска негира.
Не ја сослушав како сведок, туку како лице од кое се собираат потребни известувања. Не знам што кажала, јас ви кажувам во кое својство ја испитував.
Спротивставените изјави на „колешките“ со право ја доведуваат во заблуда јавноста, која се сомнева дека случајот е само фарса, голема театарска претстава зад чиишто кулиси вешто се кријат главните актери.
Што се случи за помалку од 24 часа од распитот во „Шутка“
Во вторникот Катица Јанева се појави во Обвинителството за организиран криминал на распит. Дојде со адвокат, што ја вознемири јавноста дека, сепак, Јанева не е повикана како сведок, како што беше најавено и како што потврди таа самата.
Јанева се задржа кај Рускоска четири часа. По распитот изјава за новинарите даде Јанева, но не и Рускоска.
Следниот ден, среда околу 13 часот, голем број полицајци го опколија домот на специјалната јавна обвинителка и ја затворија улицата во скопската населба Козле, каде живее таа. Јанева е приведена по налог на ЈО.
Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева во Скопје, а потоа со неа се упатија во канцеларијата на специјалната јавна обвинителка во СЈО, од каде што беше подигнат нејзиниот службен компјутер. Потоа полицајците ја вратија Јанева дома, за оттаму да ги подигнат како докази подарените парчиња мебел, па Јанева беше спроведена во Кривичниот суд. На барање на Вилма Рускоска судијата на претходна постапка Сеат Реџепагиќ ѝ одреди мерка притвор од 30 дена и од доцна синоќа Јанвеа е во „Шутка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.