Прашањето за името на Поранешната Југословенска Република Македонија не е само спор околу историските факти или симболи. Се однесува на однесувањето на земја-членка на ОН, Поранешната Југословенска Република Македонија, што е во спротивност со основните принципи на меѓународното право и поредок; посебно, почитување на добрососедските односи, суверенитет и територијален интегритет. Oва, меѓу дугото, сè уште стои на официјалата веб-траница на грчкото МНР.

Затоа прашањето за името е проблем со регионални и меѓународни димензии, кој се состои во промоција на иредентистичките и територијалните амбиции на Република Македонија, главно преку фалсификување на историјата и узурпација на грчкото национално, историско и културно наследство, пишува на страницата.

Во историската дескрипција на долгогодишниот спор за името, грчкото МНР посочува дека „македонската нација” настанала како креација на Тито по Втората светска војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.