За помалку од еден месец, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа користејќи ја базната станица за издавање на патни исправи во Амбасадата на Република Македонија во главниот град на Сојузна Република Германија.

Нашиот амбасадор во Берлин, Рамадан Назифи, велидека со базната станица се надминал еден од најголемите и најгорливи проблеми со кои се соочуваа дијаспората и амбасадата.

Како што велат од минисетсртвото за надворешми работи, за ефикасниот и олеснет процес на добивање патни исправи во амбасадите со помош на новиот систем има многу позитивни коментари кои пристигнуваат од дипломатската мрежа, но и од дијаспората се нагласуваат придобивките од подигнувањето на новата патна исправа во амбасада, без потреба од дополнителни трошоци и патување во матичната земја.

Министерството за надворешни работи во континуитет вложува напори за подобрување на услугите за нашите државјани кои живеат во странство. Во оваа насока, за првпат, во нашите амбасади и конзулати беа воспоставени девет базни и четири мобилни станици, а заложбата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи е да го унапредува овој проект и во наредниот период, со зголемување на опфатот на амбасади, кои ќе ги даваат овие услуги за нашите државјани – велат од МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.