Министерот за здравсто Венко Филипче на својот Фејсбук-профил објави дека повторно имаме рекорден број аплицирани дози на вакцина во еден ден. Тој посочува дека за 24 часа една доза примиле речиси еден отсто од населението.

– Желбата на граѓаните за вакцинација многу охрабрува. За да му се вратиме на секојдневието кое сите го посакуваме треба колективен имунитет, а тоа значи што поголем број од населението да се вакцинира, напиша тој.

Филипче ги повика граѓаните кои се уште се двоумат да се вакцинираат, бидејќи, како што вели, вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат тешка форма на болеста. -Вакцинирај се без закажан термин, додаде Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.