Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оцени денес дека нема основа да се отфрли предлогот на Алтернатива, по формирањето на новата влада, потпретседател на Собранието да биде Хусни Исмаили, за кој Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична пријава бидејќи трошел пари како екс министер за култура во период кога законски не смеел да го прави тоа.

За Собранието нема пречка тој да се избере за потпретседател. Се додека некој не е осуден со правосуден акт, презумцијата на невиност е над сите иницијативи, порача Џафери на брифинг со новинарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.