Отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат економски придобивки за развој нашата држава и сите граѓани, им порача на жителите на Дебарца претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Во 2018 година, само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции, што е двојно повеќе од најдобрата година на таканаречениот реформатор Груевски. Тоа дополнително ќе се инетнзивира по влезот во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, рече Пендаровски.
Според Пендаровски, тие биле морални победници во 2014 година, но сега мора да бидат и реални победници.
Пендаровски побара граѓаните да не дозволат другата политичка опција да ја врати државата назад, во темниот тунел на груевизмот, бидејќи тогаш и најмногу млади се иселени.
Претседателскиот кандидат повика на максимална излезност на претседателските избори во недела на 21 април, а потоа и на 5 мај.
Гласот за бројот 3 е глас за обединување и заедништво! Затоа заедно напред кон сигурна иднина во ЕУ и НАТО, повика Пендаровски.
Стево Пендаровски по средбата со жителите на Дебарца, оствари средба и со жителите на Вевчани каде што, исто така, повика на масовна излезност на престојните претседателски избори.
Гласот за број 3 и концептот за напредок кој го предводам е глас за сугурна иднината на младите, за економските перспективи, подобрување на стандардот, повеќе пари и нови работни места, рече Пендаровски.
Пендаровски додаде дека слоганот на неговата кампања „Заедно напред“ значи живот и напредок во демократски и европски дом.
Тргнаа работите. Добивме покана за НАТО и ако продолжиме со реформскиот процес ќе добиеме датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е голем успех бидејќи има политичари водат сметка за народот. Затоа е важно напредокот да продолжи, додаде Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.