За директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ критиката кон граѓанството за вториот бран на коронавирусот е оправдана и голема. Според неа, граѓаните треба да разберат дека денешницата е различна од минатата година.

-Тоа што ме разочарува е несериозен пристап на дел од популацијата. Ако се сеќавате на овие 4 месеци, кажувавме што се мерки, препорачувавме, ги следевме сите препораки на СЗО, ние сериозно ги следевме сите промени и ги надополнувавме нашите препораки, рече Стевановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.