Пописот на населението кој ќе се спроведе во април следната година ќе биде со два различни списоци. Еден список ќе биде за оние жители кои во моментот на попишување се наоѓаат во државата, а друг за лицата кои живеат во странство, пишува Пресинг ТВ.

Во моментот кога попишувачите ќе дојдат во домаќинството да направат попис ќе бидат попишани сите членови на семејството. Ним ќе им бидат земени сите податоци, а доколку имаат деца или внуци во странство, потребно е да се достават и нивните матични броеви за проверка.

Тоа значи попишувачите на лице место ќе проверуваат во сите бази на податоци, пензиско и здравствено осигурување, УЈП за да се види дали тие живеат во земјата.

Откако беше најавен пописот најмногу врева се крена дали ќе има графа за етничка и национална припадност. Овие прашања ќе ги има во формуларот, но лицата нема да бидат должни да ги одоворат.


Целиот текст на Пресинг ТВ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.