СДСМ најавува нов владин кабинет за десетина дена.

Mандатарот Димитар Ковачевски изборот на идни министри, ќе го направи побрзо од предвидениот рок. Од партијата велат дека течат и разговорите со политичките партии кои ќе бидат дел од коалиционата Влада.

„Како што соопшти и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, нема да го користи рокот согласно уставот од 20 дена и предлогот за составот на новата влада ќе го достави околу 11 јануари“, вели Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ.

Се очекува во средината на месецот Собранието да ја одржи седницата за гласање на составот и програмата на Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.