Ученичка во петто одделние од скопското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во бесплатниот комплет учебници кои им следуваат на сите ученици добила книги од кои е невозможно да се учи, пишува „Фокус“.

На учебниците има фалат делови од страниците, дел од нив се лепени се сејлотеп, изгужвани, валкани…

Според Правилниот на Министерството за образовани и наука, ученикот по завршувањето на наставната година треба, најдоцна до крајот на месец јуни во тековната учебна година, да го врати комплетот на учебници неоштетен на одделенскиот, односно раководителот на паралелката. Доколку учебникот е оштететен или изгубен, родителот треба да ја плати штетата.

Токму затоа министерството секоја година објавува ценовник за оштетени или изгубени учебници. Цените се движат од 29 денари па до над 500 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.