Започна посетата на комесарот за проширување Оливер Вархели на Бугарија.Според првичните информации кои доаѓаат од Софија нема најави дека ќе го тргне ветото за Македонија а со тоа и да дозволи почеток на преговорите за членство.
Според БГНС, Документот од Португалија ѝ нуди на Македонија „да признае дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година“, а потеклото е изоставено во предлогот на претседателството. Предвидува двете земји да дистрибуираат еднострани декларации за краткото и долгото име на Република Македонија.
– Предлогот да се „потврди“ значењето на чл. 11 од Договорот преку еднострани декларации на кој било начин не ја обврзува Република Македонија да ја прекине својата политика за воспоставување во Бугарија т.н. „македонско малцинство“ и нејзино промовирање на меѓународно ниво, смета БГНЕС.
Првичните реакции во Бугаријасе дека предлозите на португалското претседателство не се прифатливи за бугарската страна.
Како што е објавено, еден од предлозите во португалскиот документ бил „РСМ да признае дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година“. БГНЕС потсетува дека тој факт е признат од македонските власти, и дека спорот е за потеклото на тој јазик, а не за датумот за негова кодификација, па ова го сметаат за клучен момент кој бил пропуштен во предлогот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.