Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на вечерашната трибина во Битола порача дека од инвестиции на власта во Битола граѓаните видоа само реконструкција на едно мало мостче што е понижувачки покрај огромните ветувања на власта за километри патишта кои не се исполнија, како и тоа дека власта не успеа ниту да ги заврши во четири години проектите кои ги наследи од ВМРО-ДПМНЕ.

Изминаа четири години, тука во Битола ние не видовме ниту еден инвеститор туку гледаме затворени фирми и компании кои што се рекетирани од оваа власт и кои што директно им се прави штета преку намерни казни и редица други репресивни мерки, критикуваше Мисајловски.

Тој вели дека по четири години изостанаа во Битола само лажните ветувања за нови километри патишта, а власта се фали со само два километри асфалт.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме докажале во минатото дека се што ветуваме и исполнуваме за разлика од СДСМ кои само рушат, власта е толку неспособна што не може ниту да ги заврши проектите кои ги наследија од ВМРО-ДПМНЕ. Од инвестиции во Битола единствено ја видовме реконструкцијата на малото мостче со кое се пофали градоначалничката, што е крајно понижувачки за граѓаните, рече Мисајловски.

Мисајловски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори во секоја општина ќе понуди конкретни проекти за граѓаните, за поквалитетен живот, за подобра инфраструктура, нови инвестиции за нови работни места.

-Не само во Битола туку и во сите општини состојбата е катастрофална, бидејќи општините ги водат крајно неспособни и криминални кадри кои единствено им е важно склучување на тендери со фирми блиски до власта, се со цел личен интерес, а не вистинска грижа за потребите на граѓаните, истакна Мисајловски.

Мисајловски вели дека затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе ги понуди токму во Битола најдобрите проекти за битолчани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.