Пораншениот градоначалник на Карпош и ќленот на највисокото раководство на СДСМ, Стефан Богоев, во телевизиската дебата на „Клик плус“ на ТВ21,  коментирајќи ја иницијативата на опозицијата за владина интерпелација, рече дека доставените 61 потпис од пратениците до сликарот на Собранието „не вредат ни пет банки“.

Според него ова е сериозна работа и не се прави со ставање на парче хартија некои потписи кои не вредат ништо.

Иницијативата за интерпелација што ја покрена опозицијата која пропадна беше смешен чекор, оваа работа е сериозна и не се прави така, ставање некакви потписи на бела хартија кои не вредат ни 5 банки, ова е сериозна работа и не треба да биде сторено на тој начин, има процедури и има правила, изјави Богоев кој е член на Извршниот одбор на СДСМ во „Клик плус“ на Тв21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.