Денеска искри меѓу премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши. Заев вели дека барањето за самоволни откази на роднини важи за сите функционери од власта и за блиските на СДСМ и за оние на ДУИ доколку се докаже дека со врски добиле државна работа.
Секој ќе си ја носи својата одговорност, вели Заев.Болно е прашањето кога се гледа дека двајца, тројца, четворица членови на семејството се вработуваат, а некои чекаат работа, тоа не е фер. Не е еднакво не е правично. Ако нема образложение, ако нема критериум, ако нема нормативи, ако нема транспарентност, конкурентност, јас знам членови на семејства на функционери кои добиле петта шанса, првите четири биле испуштени. Некои чекале по дваесет години, изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.