Стојанче Ангелов, лидерот на „Достоинство“, вели дека првиот вицепремиер Артан Груби направил добар гест со тоа што присуствувал на одбележувањето на 40-годишнината од формирањето на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
„Вчера вицепремиерот Артан Груби направи убав чин – застана пред споменикот на загинатите ‘Тигри’, меѓу кои има и загинати припадници во борбите од 2001 година. Но денес, некои припадници на УЧК излегоа со соопштение со кое го осудија овој негов, всушност, хуман гест, притоа укажувајќи му дека ‘Тигрите’ убивале Албанци. Тоа не е точно. Им укажувам на овие неколкумина припадници на некогашната УЧК дека македонските бранители не убиваа Албанци, туку само си ја бранеа Татковината. Ваквите соопштенија не водат кон помирување кон што треба сите да тежнееме, бидејќи Македонија е една, заедничка Татковина, вели Ангелов.
Припадници на ОВК го осудија присуството на Груби и на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши на вчерашното одбележување на јубилејот, обвинувајќи ги дека се одзвале на настан кои величи припадници на безбедносните сили кои убивале Албанци во минатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.