Сашко Николов

Сашко Николов е роден 30 јули 1980 година во град Штип, од татко Ѓорѓи, мајка Стерјана Николови, постаро дете од двајца браќа. Своето детство го поминува во родното маало под болницата во центарот на градот. До своето школување е чуван од своите баба и дедо и своите родители кои живеат во иста куќа.

Забавиште започнува во ОУ “Ванчо Прќе” кај учителката Даница Милева, каде што го продолжува основното образование кај учителката Свиленка Брашнарова, за од петто одделение да продолжи со истите соученици во V-1 училница или “А” смена со класна Трајанка ( наставничка по Англиски јазик ). Осмолетката ја завршува како истакнат одличен ученик.

Целата биографија на официјалната страница на општината

Од корона ора и прегратки до плата од 2 денари. За седум месеци штипскиот доктор Сашко Николов се „прослави“ како некој за 7 години.

Лекарот Сашко Николов, кој победи на вонредните локални избори борејќи се самиот против себе, прифати да биде едниснтвениот лекар кому му е побитна фотелјата отколку здравјето на граѓаните.

(фото: СДСМ)

Свежи ни се сеќавањата на сите победничките ора во штабовите на СДСМ во Штип кога Николов се победи самиот себеси. Во тој момент во Штип имаше 528 активни заразени лица со корона вирусот, во Македонија имаше 21.169 активни случаи. ЦУК бараше продолжување на кризната состојба, а на сила беа строги мерки: забрана за групирање на повеќе од 4 лица на отворено, скратено работно време на економски субјекти по 21 часот, препораки за работа од дома и задолжително носење маска.

Фотелјата пред Хипократ, партијата пред заклетвата и етичките должности на еден лекар, а ќе потсетиме и зошто

Градоначалничкиот профил на докторот Николов ќе почнеме да го сликаме со најдегутантната изјава. Со онаа во која се гледа дека тој човек ниту има достоинство, ниту чест, а најмалку човечност и емпатија.

Ќе биде формиран фонд од донации за бесплатни заштитни маски за граѓаните доколку победам на локалните во Штип, најави Николов, кој неверојатно и победи на изборите.

Ако речеме дека штипјани останаа без брана на река Отиња, жичара на Исарот, спортско-рекреативен центар Суитлак, сала за боречки вештини, сала за кинопроекција; дека гас не протече низ домаќинствата, јавните институции и компаниите; дека не се направија термоизолациони фасади, ниту катни гаражи; дека младите не се вратија во Штип, дека нема нови инвестиции, не се развија ниту постоечките индустриски зони; дека земјоделците во Караорман не добија вода за наводнување на нивите, туку добија закана за запирање на водата за пиење, во Општина Штип дури двајца градоначалници треба да одговараат за изборна измама, актуелниот Сашко Николов, но и неговиот претходник министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

За Штип се зборува и дека е приватизиран град, во рацете на неколку моќни фамилии олигарси кои орбитрираат околу СДСМ.

Секогаш кога СДСМ е на власт одредена група олигарси го распределуваат државниот капитал и екстремно се богатат, практично тие се финансиери на СДСМ. Секогаш кога доаѓаат на власт, го мултиплицираат своето богатство и затоа тие и покрај сите скандали и афери, се одржуваат на власт со поткупи и притисоци, обвини штипјанецот Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

За какво друштво, всушност, станува збор, открива опозицискиот портпарол Наум Стоилковски уште во декември минатата година.

Дали е точно тоа што во Штип се говори за Николов дека е главен партнер на оној добитник на огромни тендери во здравството со меил адреса „Жути ет Јаху“, прашува Стоилковски на прес-конференција, алудирајќи на фантомот со медицинските тендери.

Кога сме кај роднината и Баргала, срамота би било да не ги споменеме дизенерските чевли на градоначалникот. Изработени по негов нацрт во гладнатаи жедна и до патос понижена „Баргала“.

На ѓонот се левиот чевел испишани имињата на 100-те избкани работници, а на десниот на оние кои преживеаја месец со два денари плата. Чиста стотка за „Баргала“ и црвените чевли!

Пред неколку дена Штип беше оставен без вода цели 24 часа. И тоа во најжешките денови, на 40 степени. Причина – локалното раководство ги обвини граѓаните дека дефектот настанал поради големата потрошувачка на вода. Надреално, нели?

Наместо СДСМ во изминативе 4 години да ги реализираа сите ветени проекти, поврзани со водоснабдување на градот, за сметка на садењето на цвеќиња, тие ги оставија штипјани жедни, поради бројните исклучувања на водат од нивните чешми, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

На оваа фотографија е прикажан пристапниот пат кој што води до модуларната болница во Штип. Асфалтот кој чини 700.000 денари во должина од неколку десетици метри е поставен пред неколку месеци. Денес изгледа вака.

Од штипскиот асфалт се префрламе на штипскиот паркинг, а таму Николов нѐ пречекува со кривична пријава за зонско паркирање.

Пред да го заокружиме седуммесечниот мандат на Николов со најголемата „смешка“ од неговиот мандат, да не заборавиме дека човекот кој го „оправи“ Штип, се нафати да ја оправа и високата политика.

Во духот на добрососедството и подобрата комуникација со Бугарија, дадов предлог дека нема ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, рече Николов.

Од „смешните“ страни на градоначалникот Николов ќе ја изделиме веста дека Штип ќе го правел туристичка атракција. И тоа среде Мармарис! Замислете, доаѓаат туристи и го гледаат умирањето на некогашниот индустриски центар. Градот закопан под Исарот. Тажно.


Продолжува



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.