Во текот на последното деноноќие во Македонија починале 21 пациент како последица на Ковид-19.

Од министерството за здравство информираат дека 19 од починатите пациенти се починати во болнички услови, а два пациента во домашни услови.

Починатите се регистрирани во 10 градови, а се на возраст од 51 до 91-годишна возраст.

Расоределбата по градови е следна: шест пациенти од Скопје (91г, 90г, 87г, 66г, 68г, 78г), три пациенти од Берово (59г, 51г, 70г), по два пациенти се од Куманово (72г, 71г), Велес (82г, 56г), Неготино (79г, 79г) и Гевгелија (83г, 59г) и по еден пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г).

Во последните 24 часа се направени 3.450 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 453
-Прилеп 65
-Велес 56
-Неготино 44
-Кавадарци 41
-Штип 30
-Тетово 29
-Куманово 26
-Струмица 22
-Гостивар и Битола по 21
-Охрид 19
-Гевгелија 18
-Кочани 17
-Струга 12
-Крива Паланка и Крушево по 9
-Ресен 7
-Берово и Кратово по 6
-Делчево и Демир Капија по 5
-Дебар, Радовиш и Богданци по 4
-Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево по 2

Досега се направени вкупно 555.367 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.