Додека во Македонија се етикираат критичките медиуми како расадници за лажни вести, надвор од цензурата на Владата работите стојат поинаку – бугарското МНР го посочува Никола Димитров, вицепремиер, за лажго.

На официјалната фејсбук страница на Министерството за надворешни работи на Бугарија со кометар „вистина или не“ објавени се денешната изјава на вицепремиерот за надворешни работи Никола Димитров дека решеноето на ЕС во март било неусловено и заклучоците на Советот на ЕС во март, документ во кој е нагласено дека добрососедските односи се клучни.

8 декември 2020 година: Никола Димитров, вицепремиер на РМ: Решението на ЕС за започнување преговори во март беше неусловено.

25 март 2020 година: Заклучоци на Советот на ЕС за започнување на преговори с РМ: Добрососедските односи и регионалната соработка продолжуваат да бидат клучни елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување во добра намера на билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, како дел од процесот на проширување.

Димитров ја заостри реториката кон Бугарија откако станајавно дека Бугарија ќе ѝ застане на патот на Македонија. Дотогаш Димитров, како и Заев и целата влада, ја лажеа јавноста дека небаре сме влегле во Унијата.

Вярно или не?

8 декември 2020 г. Никола Димитров, вицепремиер на РСМ: През март решението на ЕС за започване на…

Posted by Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Bulgaria on Tuesday, 8 December 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.