На денешното обраќање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по демонстрациите кои се случуваат во Белград, беше споменат и премиерот на Македонија, Зоран Заев. Вучиќ зборуваше во контекст на петолната пресуда за случајот „27 април“ каде што поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, доби 18 години затвор за настаните во Собранието.
-Големиот пријател на тајкунот Јеремиќ и Ѓилас, се пофали како го осудил Чавков на 18 години, затоа што не спречил граѓаните да влезат во Собрание, и сега многумина можеби сметаат дека и ние треба да размислуваме на тој принцип. Јас сметам дека нашиот министер Небојша Стефановиќ мислел дека има работа со одговорни луѓе и не очекувал насилства – изјави Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.