Претседателот Александар Вучиќ изјави дека утре во Скопје ќе бидат потпишани три договори меѓу Србија, Македонија и Албанија.

Како што рече, едниот се однесува на побрзиот проток на стоки и услуги помеѓу трите земји, другиот за заедничка акција по прашањето на природни непогоди и катастрофи, и третата создавање единствен пазар на труд, што подразбира укинување на работните дозволи .

Тоа, вели тој, значи дека кој работи во Белград, може да работи во Скопје и Тирана и обратно.

„Тоа е ужасно важно. Сакам да верувам дека потоа ќе продолжиме со сите придобивки, за кои подетално ќе разговараме утре”, рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.