Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград одржа прес-конференција на која зборуваше за политичката ситуација во државата, но доби и новинарско прашање за случајот „Рекет“ кој ја тресе македонската политичка сцена.
На новинарско прашање за аферата за рекетирањето во Македонија, српскиот претседател истакна дека не сака да се меша во внатрешните прашања на други држави, пренесува „Блиц“.
– Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица – кратко коментираше Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.