Од вчера во Скопје како гости на премиерот Зоран Заев се претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама. Тројцата вчера се прошетаа низ центарот на Скопје, а домаќин им беше градоначалникот Петре Шилегов.

При прошетката пренос врши новинарка од ТВ Пинк. Вучиќ раскажува дека кога бил млад, доаѓал во популарното скопско кафуле „Тропикана“.

Не паметам кога последен пат сум бил овде. Кога бев млад. Но, многу е сменето оттогаш. Супер е. Сега не се сеќавам, ама знам дека одев во некоја ‘Тропикана’. Сега немам поим ниту каде е, ниту би се снашол овде, вели Вучиќ.

Новинарката од ТВ Пинк го прашува македонскиот премиер – каде се наоѓа кафулето кое го споменува српскиот претседател, на што Заев одговара дека не знае.

Не знам каде е. Јас сум од Струмица и не го познавам баш многу добро Скопје. Ама не е во центарот на градот, сигурно, вели премиерот Заев.

„Тропикана“ беше едно од многуте попуалрни скопски кафулиња во деведесетите години на минатитот век. Се наоѓаше на Булеварот „Климент Охридски“. Покрај „Тропикана“ во тој период на „Климент Охридски“ беа популарни „Мејк ап“, „АБ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.