Претсетаделот на Србија, Александар Вучиќ, испрати телеграма со сочуство до својот македонски колега, Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, по повод стравичната сообраќајна несреќа во која загинаа 46 луѓе.
Со неверување и тага ја примив страшната вест за загинувањето на патниците во Бугарија. Не постојат зборови кои би ја опишале болката што ја делиме со граѓаните на вашата земја.
Занемени пред оваа трагедија, испраќаме молитви за утеха на семејствата на загинатите и на целиот ваш братски народ. Србија и сега е покрај вас, подготвена да пружи секаква помош и поддршка, затоа што не сте сами во оваа трагедија.
Во свое име и во име на граѓаните на Србија, испраќам најдлабоко сочуство до семејствата на загинатите и народот на Македонија, а на повредените им посакувам брзо и успешно опоравување – се наведува во пораката за сочуство на Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.