Министрите за здравство, Венко Филипче, и за образование, Мила Царовска, денеска на состанок со претставниците на Сојузот на средношколци порачаа дека наставата во второто полугодие продолжува со истите мерки и препораки, како и досега.
Како што соопшти Министерството за здравство, на состанокот се потенцирало дека и во второто полугодие наставата во основните и средните училишта продолжува да се одвива онлајн. Исклучок од ова се учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.
Ја следиме епидемиолошката состојба и доколку следните месеци се покаже стабилизирање ќе донесеме други одлуки, но тоа ќе се случи откако ќе бидеме сигурни дека трендовите со намалување на новозаразени со ковид ќе продолжат, истакнал Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.