Да не се лажеме, втора фаза е да потпишеме дека сме Бугариија, а третата е федерализација, изјави синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа, поранешниот македонски амбасадор во Лондон Јован Донев.
Професорот по политички науки Донев смета дека по решавањето на проблемот со Бугарија следува федерализација на Македонија како трета фаза од рекомпонирањето на државата почнато со Преспанскиот договор.
Врвот на Социјалдемократскиот сојуз го работи она за што е донесен на власт. Се затаи, му одмогна и кризата со коронавирусот, му одмогнаа и други фактори, досега ќе го завршеше тоа прашање – федерализација на Македонија. Третата фаза е тоа, втората фаза е прво да потпишеме дека сме Бугари! Да не се лажеме, изјави Донев во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.