Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал пациент заболен од коронавирус.
Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, соопштија од Министерството за здравство.
Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал, велат од Министерството.
Пациентот немал позната историја на коморбидитет.
До вчера во Македонија имаше евидентирано 114 заболени од коронавирус и еден излекуван.
Ова е втора жртва на ковид-19 кај нас, откако на 21 март почина 57-годишна жена од Куманово. Кај неа постхумно било констатирано дека имала коронавирус, откако претходните два теста биле негативи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.