На вториот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори, партиите и коалициите ќе ја претстават својата политичка понуда на средби со граѓани, почитувајќи ги притоа мерките за заштита од Ковид-19. Нема да изостане кампањата и на социјалните мрежи, како и на традиционалните медиуми.

На вториот ден од 20-дневната изборна кампања, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани во Вевчани, Струга, Ресен, Куманово, Скопје, Гевгелија, Охрид и Гостивар додека караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Охрид и Бутел.

Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска ќе одржат промотивната конвенција за кандидати за пратеници во Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.