Четири месеци откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски предупреди дека пет  фирми во Струмица поврзани меѓу себе преку фиктвен поврат перат  пари за да ја финансираат кампањата на СДСМ ,тоа доби потврда.

Вчера полицијата пронајде камион полн со нецаринета роба во Шутка. Двајца шофери на фирмата Сакаов Транс од Струмица се приведени во полициската станица во населба Шутка поради превоз на брендирана роба.

Фирмата која ја увезува робата е Винекс Текстил од Струмица. Извори во полицијата пак, шпекулираат дека во компанијата на бизнисменот Крмзов од Струмица, ко-сопственик е братот на Зоран Заев, Вице Заев.

Николоски во јуни праша дали Царинската управа може да потврди колку роба влегла во Струмица и дали за таа е платено данок и царина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.