Конфронтација помеѓу премиерот Зоран Заев и претседатеот Стево Пендаровски, намерно заобиколување на претседателот или пропуст во протоколот резултира со отсуството Пендаровски на прославата 40-годишнината на Тигрите. Пендаровски не поканет, Груби не се поклони. Не само што нема помирување туку нема ни почит. Се чини многу зборуванито едно општество за сите не функционира.

Претседателот Стево Пендаровски не бил поканет на одбележувањето на 40-годишнината од формирањето на специјалната анти-терористичка единица „Тигар“ во касарната Илинден. Во касарната Илинден беше промовирано и новото лого и амблемот на „Тигрите“, а државниот врв се поклони и на споменикот на загинатите припадници на оваа единица.

Уште еден скандал на истата церемонија беше и отстранувањето на името Македонија од амблемот на униформите на што реагираа и со писмо.

„Ова писмо го пишуваме ние припадниците на единицата Тигар со заклетва да и служиме на нашата мајка Македонија. Писмото е поради револтот и обезличувањето кое денес го нанесе државниот врв за нашата работа, нашето дело и нашата кауза. Раководството на Тигрите не реагираше, но ние како и во борба, така и денес кога има мир, нема да се покориме на тие кои ни плукаат по мртвите коски на нашите браќа по оружје. Сите даваат по нешто, но некои дадоа се. Да, паднатите херои на современа Македонија. Тигрите, нашите браќа, по заклетва, срце и сила кои го загубија својот живот за нашата Македонија, за вашиот мир. Нивниот живот е даден дури и за вас сега да сте премиери, министри директори, за да се шетате со обезбедување, јадете по скапи ресторани и да возите службени коли“, стои во пимото од Тигрите во кое се додава “длабока е навредата, но и понижувањето што Артан Груби кој е дел од државниот врв не се поклони”.

Таму покрај министерката за одбрана Радмила Шекеринска, беа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан груби, министерот за здравство Венко Филипче, па дури и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.