Врховниот суд ги одби поднесените жалби на осудените во случајот „Тенк“ Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска и ги потврди пресудите на Апелацискиот суд Скопје.

Второстепениот суд му ја намали канза на поранешниот помошник министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, од шест ипол години на четири години затвор и тој е на издржување на казната.

Поранешен премиер Никола Груевски е второобвинет како поттикнувач за сторување на
делото е осуден на две години затвор.

Апелацискиот суд Скопје откако делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана
Јанкулоска и ја намали казната затвор од шест на четири години

Тројцата се осудени за купување ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“,
модел „С-600 гард“, во 2012 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.