Дел од судиите и другите вработени решиле да не одат на работа, па е доведено во прашање функционирањето на Судот во полн капацитет
Паника владее меѓу судиите и вработените во Врховниот суд откако во понеделникот се дознало дека една од новозаразените со короновирус е сестра на врховна судијка, дознава „360 степени“.

Во меѓувреме, дел од судиите и другите вработени решиле да не одат на работа, па е доведено во прашање функционирањето на Судот во полн капацитет.

Според нашиот извор, колегите им се лути на судијката и на в.д. претседателот на Судот, Фаик Арслани, затоа што повеќе денови знаеле дека близок на судијката има симптоми на настинка, дека неодамна се вратил од странство, а судијката продолжила активно да доаѓа на работа во Врховен.

Сестрата на судијката е, всушност, сопругата од брачниот пар од Скопје кој бил во Бугарија и во понеделникот беше дијагностициран за позитивен на коронавирус.

Според јавно достапните информации, сопружниците имале симптоми неколку дена по враќање од Бугарија, па решиле во понеделникот да се тестираат во лабораторијата на клиниката „Жан Митрев“. Утредента тестовите беа повторени и во Институтот за јавно здравје, каде се потврди дека двајцата се позитивни на коронавирус.

Мажот од брачната двојка вчера реши за нивната состојба да напише порака на „Фејсбук“:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.