Врховниот суд на денешната седница ја одбил како неоснована жалбата на Драги Рашковски и неговото барање укинување на домашен притвор.

„Врховниот суд по денешната одржана јавна седница по предметот Вкж1.бр.31/2021, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Д.Р. од Струмица, изјавена преку неговиот бранител и на обвинетиот Д.С. од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, а обжаленото решение на Апелациискиот суд Скопје, КСЖ.бр.456/21 од 01.09.2021 година го потврди,“ се вели во соопштението од судот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.