Мојата кандидатура го носи симболот на единството на Албанците, а тоа го покажува и зборот што јас го употребувам „сојуз-беса“ што произлегува од двата политички субјекти кои ја поддржуват мојата кандидатура, рече вечерва пред граѓаните на Арачиново, Блерим Река, претседателскиот кандидат поддржан од партиите Алијанса за Албанците и Беса.

Тој ги повика гласачите да гласат за неговиот концепт „Република за сите“ затоа што, како што вели, со тоа тие веќе нема да бидат граѓани од втор ред.

Партиите што се на власт нудат општество за сите, но ние сакаме држава за сите, а денес државата не е за секого, рече Река и повика да не се прифаќаат понуди кои се штетни за Албанците.

Ние не треба да станеме машина за гласање, вие имате моќ да изберете за кој сакате да гласате: за вашиот брат или за вашиот сосед, рече Река.

Во средбата со граѓаните на Арачиново присуствуваа и лидерите на двете подржувачки парти Алијансата за Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами.

Села, истакна дека се решителни да изградат здрав систем на управување, заедно со гласовите на Албанците.

Лидерот на Беса, Касами рече дека многу е важно во овие избори да се поддржи албански кандидат.

Доста веќе покажувавме дека сме Европејци гласајќи ги другите. Време е другите да покажат дека се Европејци и да гласат за кандидиат Албанец, како што е проф. Блерим Река. И Река не е во оваа трка, бидејќи е Албанец, туку затоа што тој во секој поглед е подобар кандидат од другите двајца кандидати, рече Касами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.