Македонските граѓани кои примиле вакцина во Србија се соочуваат со проблеми за патување порди фактот што Србија во голем дел од земјите се наоѓа на црвената листа, односно високоризични земји.
-Кога требаше да влезам во Шведска, на пасошка контрола на аеродром ми рекоа дека не можам да влезам бидејќи вакцината која ја имам примено сум ја примил во Србија, која е на црвена листа за влез во Шведска – коментира на социјалните мрежи скопјанец кој се требало да замине во Гетеборг.
Но наместо во Гетеборг, тој бил приморан од аеродромот да се качи во авион кој ќе слета во земја која не е во Европска Унија. Останал на аеродромот од 23 часот до 19 часот следниот ден за да слета во Бања Лука, па од таму со автобус да се врати во Скопје.
Со истиот проблем се соочиле и патници кои тргнале со негативен тест, без сертификат за вакцинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.