Поради зголемените бројки на заболени во последните неколку денови, посебно денешните четворица почина и 52 новозаболени, според информации на „Сител“, членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок разговарале дека најверојатно повторно ќе треба да се вратат оние најригорозни рестриктивни мерки.

Наводно, тоа нема да се случиведнаш, туку ќе остават неколку дена да ја следат состојбата на терен. Доколку продолжи овој тренд и во наредниот период за десетина дена повторно ќе биде вратен во сила полицискиот час и карантинот.

Некои од експертите кои се занимаваат со оваа проблематика вчера дадоа предлог до надлежните да биде направено регионално дистанцирање на општините каде има најголем број на заразени, односно да бидат ставени под карантин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.