Во Генералниот конзулат во Њу Џерси, САД ќе бидат врачени првите 80 мобилно издадени патни исправи, со што се одбележува ефикасниот почеток на новата постапка за издавање на пасоши и за нашите државјани кои живеат во Северна Америка. Над 130 наши државјани сликани во Конзулатот овој месец, по воспоставувањето на базната станица, ги споделуваат своите искуства, препорачувајќи им на сите сограѓани, доколку им е потребно да ги обноват пасошите на Република Македонија веднаш, информираат од Министерството за надворешни работи.

Нагласуваат дека воспоставувањето на базните станици, како опреми за скратување на постапката на издавање на патни исправи во наши дипломатски и конзуларни претставништва е дел од повеќедимензионалните напори на Министерството за надворешни работи за унапредување на услугите за нашата дијаспора во светот.

Процесот беше многу полесен отколку што очекував. Завршив работа за само 30 минути, сите беа многу корисни. Ми кажаа дека новиот процес е многу поефикасен од стариот и со тоа сум 100% согласен.”

 

Дојдов за да го обновам мојот пасош и им препорачувам на сите да доаѓаат тука, затоа што за пола час завршив сѐ. Mногу сум среќен!”

 

Сè е совршено! Завршив за половина час, што мислам дека е многу добро! Од почетокот на процесот до крајот имав толку прекрасно искуство, што им предлагам на сите што треба да дојдат во Конзулатот: Дојдете! Направете го тоа, бидејќи е многу убаво искуство!”

 

Сите работат овде! Тие се многу добри луѓе! Ви земат отпечатоци од прсти. Ве сликаат. Ви помагаат да ги пополните документите. Ако треба да го обновите пасошот, направете го тоа веднаш!”, истакнуваат наши државјани.

 

Додека нашите државјани го поздравуваат добриот прием во конзуларното претставништво, нашиот генерален конзул, Јордан Панев ја истакнува важноста од брзото стекнување со нова патна исправа.

 

Од постоењето на Конзулатот, од неговото формирање овде, во далечната 1998 год., за прв пат нашите државјани кои што живеат на конзуларното подрачје на овој Конзулат, имаат прилика да добијат патни исправи на најбрз можен начин. Порано за патните исправи се чекаше по шест, па дури и по девет месеци. Сега патните исправи ги добиваат за месец дена, и тоа во голема мерка им ги олеснува патувањата на нашите државјани” вели Панев.

Воспоставувањето на базните станици, како опреми за скратување на постапката на издавање на патни исправи во наши дипломатски и конзуларни претставништва е дел од повеќедимензионалните напори на Министерството за надворешни работи за унапредување на услугите за нашата дијаспора во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.