Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ денеска во Собранието ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2020 година.

Љуљзим Вренези е годинашниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.

Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорги Вучков.

Наградите ќе бидат врачени во Кристалната сала на Собранието, со почеток во 11 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.