Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека пред најавеното реотворање на градинките в среда кадарот кој работи во нив нема повторно да биде тестиран за Ковид-19 бидејќи алгоритмите за третман на евентуално заразени се доволни да се следи инфекцијата.

Тој смета дека не било бесцелно скрининг тестирањето во мај кога беа земени брисеви на 4.448 негувателки и воспитувачки, а од нив 20 беа позитивни на Ковид-19.

Тогаш, иако имаше најава, не беа отворени градинките во јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.