Вработени медицински сестри, болничари и хигиеничари на Клиниката за хирургија во склоп на скопскиот клинички центар, а се вработени со договор за дело веќе два месеца немаат земено плата, споделуваат тие, барајќи помош од активистот Сашо Тасевски за да се актуелизира овој проблем, посебно во време кога министерот за здравство Венко Филипче се фали со бројните вработувања во здравството.

Тасевски го споделува во целост апелот пратен до него, коментирајќи дка ова ни во Занзибар го нема:

Здраво, ви пишувам со надеж дека можете да помогнете да се актуелизира следниов проблем. Имено се работи за вработени медицински сестри, болничари и хигиеничари на Клиниката за хирургија во Скопје во склоп на Клинички центар. Луѓето кои работат на овие позиции, а се вработени со договор за дело веќе 2 месеци немаат земено плата, а работат во услови на пандемија, дополнително нивните претоставени не кажуваат кога ќе им бидат исплатени платите и ги уценуваат да продолжат со работа без да бидат пријавени, со напомена дека можеби ќе земат плата. Во вакви услови министерот за здравство на неговата фејсбук-страна објавува дека биле реализирани бројни вработувања во здравството во последната година. Со оглед дека се работи за егзистенцијата на повеќе фамилии кои зависат од нивните плати, ако го прочитате ова би ве замлолил на било каков начин да помогнете да се актуелизира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.