Вработена од Генералниот секретаријат на Владата е заболена од Ковид 19, а во периодот пред да ги добие првите симптоми доаѓала на работа во канцеларија со 15 вработени. Се работи за тетовчанката Х.Ј. која веднаш по добивањето на симптомите се пријавила за тестирање. Според извори на „Република“ во Секретаријатот не се почитуваат основните мерки – нема растојание меѓу вработените, нема маски.
-Има само средство за дезинфекција. На работа доаѓаат речиси сите 300 вработени, освен дел од оние кои имаат деца до 10 години и хронично болните. Во понеделникот,на 8 јуни, една од вработените доби резултати дека е позитивна на корона. Претходно цела недела жената си доаѓаше на работа. Го извести раководителот на секторот, потоа беа известени во човечки ресурси и секако генералниот секретар Драги Рашковски. Но, ниту еден не е во изолација, ниту пак Рашковски презема некакви мерки. Единствено што вработените се ротираат во две групи – вели изворот на „Република.
Според информациите вработените не се известени дека нивна колешка со која биле во контакт е позитивна на Ковид 19.
-Нема никакво известување за вработените кои биле во непосреден контакт, особено оние од канцеларијата во која била и заболената воопшто не се предупредени и не им е посочено дека треба да се јават кај матиченлекар за да се закаже тестирање. Во самоизолација нема никој – коментира нашиот извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.