Возрасни ковид-пациенти нема да се хоспитализираат на Клиниката за детски болести во Скопје. Единствени возрасни пациенти таму се мајките на хоспитализираните деца со ковид, кои исто така се позитивни, соопшти Mинистерството за здравство кое апелира да не се создава непотребна паника.
Клиниките каде што со преадаптација се направени ковид-оддели, физички се оделени и не постои никаков контакт меѓу ковид-пациенти и пациенти кои не се заразени со ковид, а се хосиптализирани на клиниките поради други заболувања. Целокупниот систем е организиран и добро се менаџира. Хоспиталните оддели, одделите каде се врши дијагностика, лабораториски анализи се поделени на црвени и зелени зони за ковид-пациенти и останати пацинети, информира Министертството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.