Иако е забрането, автомобил Бентли пред некоја вечер возеше на плоштадот. Од снимките можеше да се забележи дека автомобилот возел брзо, со што во опасност ги доведе животите на граѓаните кои дошле да ја видат предновогодишната атмосфера. По многубројните реакции од страна на граѓаните, полицијата го казнила со само 45 евра за сторен сообраќаен прекршок.
Денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на истото место каде што помина автомобилот со марка „Бентли“, оставена е играчка автомобил и до нејзе парола на која пишува „Возење низ плоштад за 45 евра – плаќа Петре Шилегов“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.