Гордана Силјановска Давкова, носителката на пратеничката листа на ВМРО ДПМНЕ во изборната единица еден денеска беше во скопско средно Нерези и Карпош 4 и оттаму вети  ред во безредието, закон во беззаконието!

Три години на самрак на Македонија! Како во поглед на идентитетот и економијата, така и во поглед на моралот. Видете ја програмата на СДСМ во 2016 и се ќе ви стане јасно. Мртво слово на хартија. Нула. Ништо не исполнија. Воспоставија непрофесионална и партиска администрација. Откако ја партизираа, сега ветуваат нејзино кратење. Погодувате од каде ќе почнат? Од неистомислениците!, рече Силјановска – Давкова.

Според неа, денес неколку семејства, фамилии, управуваат со Македонија.

Економијата ни е на нула. Во нашата програма ветуваме нови работни места. На прави места прави луѓе. Најдобрите, а не последните да бидат примени. Правичната застапеност не значи некој со помал број поени да биде примен само затоа што е од друга етничка заедница.

Во Ирска само Шин Фејн, политичкото крило, можеше да влезе во парламентот, а не како кај нас, ги соблекоа униформите и добија се.

Ветуваме Обнова на Македонија! Воведуваме ред во безредието, закон во беззаконието!

Мора крај да се стави на ова!, порача Силјановска – Давкова од скопско Нерези.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.