Вонредната состојба во Македонија четврта по ред, истекува во сабота сабота на 14 јуни, а засега нема најава дали и кога би се одржала седница на Советот за безбедност на кој би се разгледувалео евентуално нејзино продолжување. Дотогаш се очекува Владата да донесе став дали ќе побара продолжување на вонредната состојба.

Засега нема ниту најава за одржување на лидерска средба на која политичките партии би се усогласиле за датумот за одржување на вонредните парламентарни избори.

Дали Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба треба да се знае до петок. До тогаш треба да пристигне и мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата. Вицепремиерот Бујар Османи најави дека од тоа дали ќе има нова вонредна состојба и мислењето на Комисијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите.

По прогласувањето на последната вонредна состојба на 30 мај претседателот Стево Пендаровски изјави дека, според неговите сознанија, пред да се случат новите трендови поврзани со пандемијата политичките партии биле блиску до договор за датум за избори, но оти поради развојот на ситуацијата и порастот на бројот на заболени и починати, разговорите се прекинати.

Оттогаш, никој официјално не потврди дали разговорите за усогласување на датумот за избори продолжиле или не. СДСМ останува на ставот дека изборите треба да се одржат на 5 јули. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека во услови на големен број заболени од Ковид-19 не е во ред да се зборува за избори и оти за нив најважно е здравјето на граѓаните.

Последната одлука за 14-дневна вонредна состојба претседателот Стево Пендаровски ја донесе на 30 мај.

Тој тогаш истакна дека донесувањето на таа одлука има за цел само да им овозможи на Владата и институциите ефикасно да се справуваат пред се со, здравствените, но и економско-социјалните предизвици поврзани со кризата предизвикана од конона вирусот и не треба да се доведува во корелација со изборниот процес.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март донесе три одлуки за прогласување вонредна состојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.