Министерството за здравство ја информира јавноста дека во врска со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.

Директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.

По завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана, велат од Министерството за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.