Во Прилеп војската прави ред пред банки, продавници, институции.Откако голем број на жителите не ги почитуваа мерките, локалниот градоначалник реши да повика помош од АРМ.

Со новите три случаи бројот на заразени од коронавирусот во Прилеп достигна 75. Двајца се починати. Прилеп побара и веднаш доби помош од Армијата и од изутрината 15-тина припадници на Армијата го одржуваа редот пред маркетите и банките. Освен тоа, за почитувањето на мерките, Општината постави налепници „Стој овде“ пред овие објекти.

фото Маркукуле

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, на Прилеп во овој момент му е потребна помошта од Армијата и ја доби, 15-тина припадници на Армијата денеска правеа ред пред банките и маркетите.

Тоа што вчера го побарав веднаш ни беше излезено во пресрет како помош во спроведувањето на препораките и одлуките од Владата и од Министерството за здравство. Ја добивме помошта од Министерството за одбрана и од Прилепската касарна и од изутрината од 8 часот се на располагање 15-тина припадници на Армијата, таму каде имаше потреба: пред маркетите и експозитурите на банките. Освен тоа, локалната самоуправа постави налепници „Стој овде“ пред маркетите и банките и граѓаните почнаа да се придржуваат кон тоа. Присуството  на Армијата граѓаните го почувствуваа како загриженост, безбедност и сигурност. Наредните денови тоа ќе го правиме таму каде има потреба. На седницата на Кризниот штаб ќе дискутираме за евентуални дополнителни мерки, изјави Јованоски, апелирајќи да нема собирања наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.