Уште една општина избра жена за пртседателка. Според податоците на Република, Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, однесе сигурна победа и во општина Кичево.

На прес-конференцијата на генералниот секретар на партијата во 21 часот од обработените податоци Силјановска беше во водство во Кичево. Пребројувањето ан сите гласови ја запечати победата на кандидатката во оваа општина.

Од 43% од обработените гласови Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ водат во голем број избирачки места и општини: Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аердром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода.

Од обработените податоци веќе победивме во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров, рече Јанушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.